143
Администрацијата на американскиот Конгрес ја забрани употребата на популарната кинеска видео апликација TikTok на сите уреди во сопственост на Претставничкиот дом на САД, соопшти администрацијата на Конгресот.
Одлуката е донесена пред да стапи на сила законот за забрана на употреба на оваа апликација на уредите на американската влада, што се очекува наскоро, пренесува „Ројтерс“.
„Апликацијата TikTok се смета за висок ризик поради голем број безбедносни проблеми и мора да биде отстранета од сите уреди со кои управува Претставничкиот дом“, напиша шефот на администрацијата во пораката испратена до сите пратеници.