САД бара да се укинат давачките на Косово кон Србија

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Специјалниот претставник на Претседателот на САД за дијалогот Белград-Приштина Ричард Гренел му рече на лидерот на ДПК, Кадри Весељи дека давачките се штетни за Косово и дека премиерот Албин Курти е „воправо“.

Ричард Гренел одговори на изјавата на Кадри Весели дека Приштина не треба да го исполни барањето на Белград и да ги укине таксите.

„Кадри, Соединетите држави бараат Косово да ги укине давачките од 100%. Ова е штетно за Косово и ги спречува бизнисите да создаваат нови работни места. Албин е во право“, напиша Гренел на Твитер.

Весели, кој сега е во опозиција, вчера на својот Фејсбук профил напиша дека е загрижен за „прекумерното брзање на Курти за исполнување на „барањата на Србија“.