Во Бугарија нема да се пренесе нова воена техника од САД, соопштиле за бугарскиот весник “Труд” извори од Министерството за одбрана.
Претходно денеска беше распространета информација од интернет страницата на Пентагон, во која се тврди дека САД ќе пренесуваат 70 единици борбена техника од Германија во Романија во средата.
Предислокацијата се врши во рамките на операција Atlantic Resolve, а Романија ќе биде првата земја која ќе учествува во ротацијата, која има за цел да се олесни спроведувањето на заеднички вежби. Друго вооружување ќе биде пренесено во Бугарија од Литванија во декември, прецизирал портпаролот на Пентагон Џеф Дејвис.
Според него оваа техника е дел од сет опрема која вклучува 12 000 единици, вклучувајќи тенкови, борбени машини за пешадија и артилерија. Тие можат да бидат преместени според барањата за тековните вежби во регионот, потсетуваат од Министерството за одбрана на САД.
НАТО утре нема да одлучува само за Црна Гора, туку и за Македонија, БиХ и Грузија
Во Бугарија во моментов има 10 американски тенкови и неколку десетици друг тип техника. Дел од нив може да бидат предислоцирани во Романија, коментираат воени експерти.
“Континуираното интеракција ја зајакнува нашата способност да работиме ефикасно со своите сојузници, градиме доверба и помага за изградба на силни врски кои ќе се претворат во основа за идната безбедност во регионот”, коментира портпаролот на Пентагон.
Министерот за одбрана на САД Ештон Картер изјави за време на посетата во Естонија претходно оваа година дека САД ќе распоредат свое оружје во Централна и Источна Европа. Картер, исто така, рече дека Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија се согласија да прифатат слична опрема.
