САД до Турција: Рокот за продажба на „Патриот“ измина

од desk4
142 прегледи

САД официјално го повлекоа својот предлог до Турција за продажба на ракетен систем „Патриот“ како алтернатива на противвоздушните руски ракетни системи С-400, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Стејт департментот.

„Постојано и велевме на Турција дека нашиот последен предлог за продажба на „Патриот“ ќе биде повлечен доколку прифатат испорака на С-400. Рокот за нашиот предлог за „Патриот“ истече, изјавил неименуван дипломат за Си-ен-ен.

Набавката на најновиот руски систем за противвоздушна одбрана ги наруши односите меѓу Турција и САД. Вашингтон побара договорот да биде стопиран. Во декември 2018 година, Стејт департментот ја одобри можната продажба на комплексите „Патриот“ на Турција за 3,5 милијарди долари.