Специјалното јавно обвинителство објави дека се сместиле во новите простории кои се наоѓаат на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

 

Понатаму СЈО информираше дека под покровителство на амбасадата на САД во Врна Гора на 23 и 24 Ноември 2015 година, Катица Јанева, заедно со јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев, учествуваа на семинар на тема: „Финансиски истраги и меѓународна соработка“


“На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги.” -информираат од СЈО

Слични содржини