Соединетите Американски Држави планираат да ги повлечат трупите од Сирија, пренесоа американските медиуми, цитирајќи официјални лица.
Имено, како што пишува CNN повикувајќи се на неименуван извор од американската војска, во тек е планирање за „потполно“ и „брзо“ повлекување на американските трупи од Сирија.
Како што додава, одлуката за тоа ја донесол претседателот на САД ДОналд Трамп, кој долго изразува желба за повлекување на трупите од Сирија.
Инаку, Америка има околу 2.000 војници на терен кои во главно се вклучени во обука на локалните сили за борба против Исламска држава.
Како што наведува CNN, САД имаат сили во Ирак подготвени да покренат напади во Сирија доколку биде потребно.
Во текот на минатите неколку недели, коалицијата се бори против ИС под водство на САД, изврши стотина воздушни и артилериски напади против ИС во Сирија. Некои од тие напади се лансирано од соседен Ирак, во кој САД имаат повеќе од 5.000 војници.