САД ги забрани летовите на своите авиокомпании преку Иран

од Марта Пешевска
137 прегледи

Официјален Вашингтон им забрани на американските авиокомпании да прелетуваат преку воздушното пространство контролирано од Техеран над Персискиот Залив и Оманскиот Залив.

Таквите ограничувања се воведуваат поради „зајакнување на воените дејствија и зголемените политички тензии во регионот, што претставува опасност за американското цивилно воздухопловство“, наведува Федералната управа за цивилно воздухопловство на САД.