САД го поддржуваат Отворен Балкан, покана до компаниите да инвестираат во регионот

од Nikola Popovski
964 прегледи

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија и нов претставник на Стејт департментот за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави денеска дека американската администрација ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ и ги повика американските компании да инвестираат во регионот.

Одговарајќи на прашањата на членовите на Поткомитетот на Конгресот за европски, енергетски, сајбер прашања и заштита на животната средина, тој посочи дека САД ги поддржуваат сите иницијативи кои ги прават земјите економски поблиску една до друга.

-Сметаме дека поблиска економска соработка не само што ќе се случува, туку ќе продолжи да се случува. Лидерите на трите земји кои ја покренаа иницијативата „Отворен Балкан“ – Србија, Албанија и Северна Македонија, не уверуваат дека таа е отворена за сите шест земји од Западен Балкан и ние им веруваме, бидејќи не може да успее без другите три, рече Ескобар, пренесува Коссев.

Ескобар додаде дека „Отворен Балкан“ е во согласност со берлинскиот процес за заеднички регионален пазар, поради што САД ги сметаат двете иницијативи како комплементарни.

Посочи дека секоја иницијатива што ги зближува земјите една до друга создава доверба кај народот, а смета дека ќе создаде и политички напредок за некои прашања.

-Ако тоа се случи, ако имавме слободен регионален пазар за сите шест земји и економии во вредност од 125 милијарди долари, со стапка на раст од повеќе од шест, седум проценти, тоа ќе беше многу, многу атрактивен пазар за американските компании, рече Ескобар.

Слични содржини