САД го тужи Ленс Армстронг за 100 милиони долари

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Американската влада ќе го тужи Ленс Армстронг за нанесени штети во вредност од 100 милиони долари. Министерството за правда го обвини поранешниот велосипедист во измама при потпишувањето на огромни спонзорски договори.

Армстронг доби доживотна забрана да се занимава професионално со велосипедизам во 2012-та година, кога му беа одземени и седумте титули од “Тур де Франс”. Во јануари 2013 година поранешниот спортист призна дека користел забранети супстанци при сите свои успеси во Турнејата на Франција.

Во периодот меѓу 1996 и 2004-та тимот на Армстронг беше спонзориран од Американските пошти, како случајот против велосипедисти е токму за прифаќање на десетици милиони долари од нив во овој период.

Адвокатот на Ленс Армстронг одби да даде официјална изјава за темата.