Заменик-амбасадорот на САД во ОН, Роберт Вуд, изјави дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, „очигледно попуштил пред руските закани“ со тоа што не испратил истражители на ОН во Украина да ги испитаат остатоците од беспилотните летала што ги користи Русија, за кои САД и другите западни земји тврдат дека се испорачани од Иран.
„Жалиме што ОН не започнаа нормална истрага за оваа работа. ОН очигледно попуштија пред руските закани“, рече Вуд на состанокот на Советот за безбедност на ОН на кој се разговараше за резолуцијата за иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, пренесува „Ројтерс“.
Русија претходно негираше дека нејзините сили користеле ирански беспилотни летала во Украина и рече дека ОН немаат мандат да испраќаат истражители во Украина за да го истражат потеклото на беспилотните летала.