САД и досега не менувале туку соборувале влади!

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Авторитетниот  американски политиколог Вилијам Блум ќе одржи предавање во Москва под наслов “Вистината за надворешната политика на САД и многу друго”. Светски признатиот експерт и поранешен соработник на американскиот Стејт департмент силно ја  критикува надворешната политика на САД, пишува “Росийскя Газета”

бела бела

.“По завршувањето на Втората светска војна САД соборија или поставија влади во над 50 земји,  се обидоа  да  убијат 50 странски лидери, бомбардираа 30 земји  се замеша во текот на изборите на 30 земји и произведоа т национални движења во над 20 земји. Поради светската доминација САД се подготвени на сè. Но во тоа време Америка сепак се учи од некои грешки- пример не води копнени операции, туку само бомбардира- ова е лекција од Виетнам.

Но  како и да е и досега не се променија во пристапот каде и колку   влади да соборат “, изјави Блум.” Вчудоневиден сум дека досега САД не нанеле големи штети на “Исламска држава”. Прерано е да се тврди дека нивната мисија е неуспешна, во неа се вклучуваат се повеќе земји. Но нема сомнеж дека САД под никакви услови нема да влезат во коалиција со Сирија. САД испорачува оружје на луѓето кои војуваа во Ирак и Сирија, а потоа влегуваа  во редовите на ИДИЛ. Поради тоа може да се каже дека САД и помогнале многу на ИДИЛ “, додаде политикологот