САД и ЕУ сè уште не постигнаа договор за новите царини

Ако преговорите не успеат, САД генерално би го царинеле увозот од ЕУ со 20% од вредноста, наместо сегашните 10%.

од desk2
20 прегледи

Преговарачите на Европската Унија денеска не успеаја да постигнат напредок во трговските преговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за новите царински давачки.

Според одредени медиуми во ЕУ, Брисел би можела да побара продолжување на статус-кво ситуацијата додека не се испреговара за најавеното зголемување на царините, изјавија во петокот европски дипломати запознаени со разговорите.

Ако преговорите не успеат, САД генерално би го царинеле увозот од ЕУ со 20% од вредноста, наместо сегашните 10%.

Според американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, можно е преговорите да продолжат и викендов.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави царини до 50 проценти за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, 20 проценти за увоз на автомобили и автоделови и 10 проценти за повеќето други производи, ако не се постигне договор со царински отстапки за САД.

Слични содржини