САД и понудија на Украина заем од една милијарда долари

од Milan1

САД и понудија на Украина заем од една милијарда долари за помош на економијата на земјата во време кога Русија врши воен притисок со собирање војници, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

„Оваа понуда ќе ја зајакне способноста на Украина да обезбеди економска стабилност, раст и просперитет на својот народ во светло на дестабилизирачкото однесување на Русија“, рече Блинкен.

Тој додаде дека силното партнерство меѓу Украина, Меѓународниот монетарен фонд, другите меѓународни финансиски институции, Г7 и другите билатерални донатори ќе помогнат во овој потфат.

Слични содржини