САД и скокнаа на Русија за апсењата на демонстранти и опозицискиот лидер Навални

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Американските власти го осудија вчерашните апсења на десетици опозициони демонстранти во Русија , а тоа го опишаа како ” навреда против демократските вредности “, пишува “Франс прес”.

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер истакна дека САД се особено загрижени од притвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални .

САД ги повикаа руските власти веднаш да го ослободат сите граѓани кои мирно  го изразиле своето незадоволство од корупцијата во земјата.

Локално.мк потсетува дека вчера во голем број руски градови илјадници луѓе излегоа на протести, против корупцијата  иако властите не беа дозволиле да се протестира

. Во демонстрациите во Москва учествуваа над 7.000 лица, што не се случило од протестите во 2011-2012