189
Околу 530 милиони долари неповратни средства и биле исплатени на Украина од САД и Велика Британија од фондот што го формира Светска банка за донации на владата во Киев по руската агресија, соопшти украинското Министерство за финансии.
САД донирале околу 500 милиони долари, а Британија 24 милиони фунти (30 милиони долари), а парите сега стигнале до државниот буџет, се наведува во соопштението на министерството, пренесува Ројтерс.
Овие средства ќе бидат насочени кон обезбедување итни социјални, хуманитарни и здравствени трошоци, како и за поддршка на внатрешно раселените лица.