САД и Велика Британија нападнаа речиси 30 локации во Јемен

од Vladimir Zorba
194 прегледи

САД и Велика Британија нападнаа речиси 30 локации во Јемен во текот на ноќта, изјави денеска советникот на американското Министерство за одбрана Даглас Симс, што е повеќе од претходно објавеното.

Симс на новинарите им рекол дека не очекувал голем број жртви како резултат на синоќешните напади, бидејќи мети се оние во руралните области, пренесе „Ројтерс“.

Тој посочи дека Вашингтон очекува Хутите да се обидат да возвратат, додавајќи дека групата претходно истиот ден истрелала противбродска балистичка ракета која не погодила ниту еден брод.

Слични содржини