САД испраќаат поголема помош за Украина

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Соединетите Држави ќе испратат на Украина 275 милиони долари нова помош за зајакнување на нејзината одбрана од беспилотни летала, изјави портпаролот на Белата куќа.

„Наскоро ќе биде испратена нова воена помош од 275 милиони долари за да и се дадат нови способности на Украина кои ќе ја зајакнат нејзината противвоздушна одбрана и ќе и овозможат да се справи со заканите од беспилотни летала“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

Според него, Американците ќе испратат и артилериска муниција на украинската армија, пред се за системот ХИМАРС, моќен повеќецевен ракетен фрлач.

Американската помош за Украина досега се искачи на повеќе од 19,3 милијарди американски долари.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура во Украина поради нападот на мостот Керч (Крим) на почетокот на октомври.

Слични содржини