САД испраќаат мали надзорни дронови и оклопни возила во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Американското министерство за одбрана објави во вторникот дополнителна безбедносна помош од 400 милиони долари за Украина, вклучувајќи оклопни возила и мали беспилотни летала, пренесува „Кликс“.

Новиот пакет помош ќе вклучува за првпат американски дронови за надзор Black Hornet произведени од Teledyne FLIR Defence.

Норвешкиот Hornet се користи во Украина преку донации од британската и норвешката влада, соопшти компанијата.

На FLIR Unmanned Aerial Systems му беше доделен договор од 93 милиони долари во април за снабдување со мали извидувачки дронови на американската војска.

Дополнително, пакетот за помош во оружје вклучува муниција за системите за противвоздушна одбрана Патриот и Националните напредни ракетни системи земја-воздух (NASMS), системи Stinger, повеќе муниција за артилериските ракетни системи со висока мобилност (HIMARS), оклопни транспортери Stryker и разни други проектили и ракети.

Да потсетиме, Шпанија испрати и нова рунда хуманитарна и воена помош која во Украина ќе пристигне на почетокот на август.

Слични содржини