САД ја објавија „листата на Путин“

од Vladimir Zorba
119 прегледи

  Американскиот Секретаријат за финансии објави листа со 114 политичари и 96 бизнисмени од Русија, сите вредни над милијарда долари, кои се сметаат за блиски на претседателот Владимир Путин.

 

Така наречената „листа на Путин“ засега не предвидува санкции за лицата посочени во неа, но е објавена во рамките на американските активности да посочат внимание врз руските власти. На неа се премиерот Димитри Медведев, шефот на кабинетот на Путин, Антон Ваино и помошникот на претседателот Владислав Сурков.

Од бизнисмените, на листата се директорите на Газпром и на Лукоил, Алексеј Милер и Вагит Алекперов, потоа Евгениј Касперски од истоимената софтвер компанија, Роман Абрамович, Олег Дерипаска, браќата Аркадиј и Борис Ротенберг и дуруги