Соединетите држави ја одобрија вакцината на Фајзер-БиоНТек за деца на возраст од 12 до 15 години, во време на напори да се вакцинираат уште повеќе Американци.
Администрацијата за храна и лекови (ФДА) соопшти дека тоа е „значаен чекор во борбата против пандемијата на ковид-19“.
Службеникот на ФДА, Џенет Вудкок, рече дека целта на овој потег е „да нè приближи до враќање во нормала и крај на пандемијата“.
Во САД се дадени околу 260 милиони дози вакцини, но темпото на вакцинација паѓа, јавува Би-Би-Си.
„Родителите и старателите можат да бидат сигурни дека агенцијата спроведе ригорозен и темелен преглед на сите достапни податоци и децата може да се вакцинираат без голем ризик“, рече Вудкок.
Во најавата од понеделникот се проширува претходното одобрување за итна употреба на вакцината на Фајзер на лица постари од 16 години во САД.