Соединетите Американски Држави (САД) ја поздравија подготвеноста на косовскиот премиер Аљбин Курти да создаде услови за нови избори на северот на Косово, соопшти прес-службата на Белата куќа.
Беше објавено дека заменик-советникот за национална безбедност Џон Фајнер во телефонски разговор му ја пренел на Курти загриженоста на САД во врска со ситуацијата на северот и побарал од Владата на Косово да им овозможи на новоизбраните градоначалници на општините да ги извршуваат своите должности во да речеме, „алтернативни локации“.
„Тој побара од Владата на Косово да им дозволи на новоизбраните градоначалници на општините да ги извршуваат своите должности од алтернативни локации и да ги повлече полициските сили од општинските згради. Тој, исто така, ја поздрави подготвеноста на премиерот Курти да создаде услови за нови избори“, се вели во соопштението.
Финер побарал и од Косово и Србија да го спроведат договорот постигнат во Брисел и Охрид.
„Финер повтори дека САД очекуваат двете страни повторно да се вклучат во дијалогот со посредство на ЕУ и целосно да го спроведат договорот за нормализација постигнат во Брисел и Охрид на почетокот на оваа година“, се нагласува во соопштението.
Белата куќа соопшти дека Финер телефонски разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од кого побарал да ги повлече неговите вооружени сили стационирани во близина на границата и, како што се наведува во соопштението, да се намали нивото на подготвеност.