Бомбата се слушнала дури до Санкт Петербург

Американските сили  ја фрлија  најголемата ненуклеарна бомба од својот арсенал на позиција на “Исламска држава” во Авганистан. Ова го соопшти Пентагон, цитиран од “Асошиејтед прес”.

Портпаролот на Пентагон Адам Стамп изјави дека ова е првата воена употреба на бомбата, позната како GBU-43. Тој додаде дека бомбата содржи 11 тони експлозив.

Воздухопловните сили ја нарекуваат “Мајката на сите бомби”.

Стамп посочи дека бомбата е пуштена во спелеолошкиот комплекс , за кој се смета дека е користенод борците на “Исламска држава” во реонот Ачин во провинцијата Нангархар, многу блиску до границата со Пакистан.

Си Ен Ен  надополнува, цитирајќи четворица претставници на американската армија, запознаени со мисијата дека бомбата е огромна. Таа е ставена во 19.00 часот по локално време, по информации од изворите. Таа е пуштена од авион MC-130, опериран од Командата за специјални операции на воздухопловните сили.

Изворите дополнуваат дека целта била тунел на “Исламска држава” и спелеолошки комплекс , како и персоналот кој внтаре оперирал.