Поранешниот заменик-началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина Игор Романенко коментирал пред украинското издание “Обозреватель” дека САД ја советуваат Украина да создаде “револуционерна ситуација” во Донбас .
“Американците нудат Украина целосно да ја затвори границата : никој или ништо да не помине, дури ниту ресурси – електрична енергија и вода. И таму многу брзо ќе се создаде револуционерна ситуација која е неприфатлива за Русија, таа нема да се повлече, и на тој начин можно е да се активира овој процес “, рече Романенко.
Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека ја поддржува идејата за испраќање на мировни сили на ОН во Украина, но може да станува збор само за обезбедување на безбедноста на персоналот на ОБСЕ. Киев смета дека мисијата на ОН треба да има поширок мандат и дека се наоѓа на територијата на Донбас до границата на Русија.