САД ја укинаа забраната за внесување електронски уреди на летовите од Турција

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Тримесечната забрана за внесување електронски уреди на летовите од Турција кон САД е укината денеска, јави приватната турска новинска агенција „Доган“.

Како што јавува агенцијата, турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ утринава примил патници со електронски уреди на летот од Истанбул за Њујорк.

САД претходно ја укинаа забраната за внесување лаптоп-компјутери и таблет-уреди за патниците на авиокомпанијата „Етихад ервејз“ кој лета од Абу Даби, престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Забраната беше воведена откако американските разузнавачки служби добија информации дека Исламска држава се обидува да изработи бомби кои би можеле да се скријат во електронски уреди./МЕТА