302
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека САД ќе го зголемат економскиот притисок врз Иран заради неговата нуклеарна програма.
-Имавме кампања на максимален притисок со санкции. Тие го направија својот дел од работата, намалувајќи го приливот на пари, рече Мнучин во текот на посетата на Израел.
Мнучин изјавата ја даде стоејќи до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој, исто така, го повика да изврши засилен притисок врз Иран, пренесоа британските медиуми.
-Ќе продолжиме понатаму, уште повеќе….Штотуку дојдов од многу продуктивен работен ручек со вашиот тим. Ни дадоа многу добри и специфични идеи кои ќе ги следиме, рече Мнучин