193
Кинески воен авион дошол на шест метри од американски воен авион и го принудил да маневрира за да избегне судир над Јужното Кинеско Море, соопшти во четвртокот американската војска.
Во инцидентот учествувале борбен авион на кинеското воено воздухопловство Ј-11 и американски авион RC-135, се наведува во соопштението на американската војска, пренесе „Ројтерс“.
Инцидентот се случил на 21 декември, се наведува во соопштението.
„Американските здружени индо-пацифички сили се посветени на слободен и отворен индо-пацифички регион и ќе продолжат да летаат, пловат и оперираат на море и во меѓународниот воздушен простор, земајќи ја предвид безбедноста на сите пловни објекти и авиони според меѓународното право“, се додава во соопштението.