Белата куќа најави можноста да ја повлече дипломатската поддршка за Израел во ОН, по постигната од Бенјамин Нетанјаху изненадувачка победа, пренесе АФП. Изнервиран од шокантната кампања на Нетанјаху, заснована врз блокирање создавање на палестинска држава, Белата куќа предупреди дека е нарушена основата на неговата политика за поддршка за Израел.

20150319.qbuglyubio

“Преземените од САД чекори во ОН се базираат на идејата дека одлуката за формирање две држави е најдобар излез. Сега нашиот сојузник во овие разговори, рече дека тој повеќе не е посветен на ова решение. Ова значи дека ние треба да направиме преоценка на нашата позиција по ова прашање, и тоа е она што ќе го направиме “, рече портпаролот Џош Ернест.

Слични содржини