САД: Министерот за правда започна истрага за начинот на постапување на полицијата во Минеаполис

од Stefanija Kuzmanovska
337 прегледи

По одлуката на судскиот совет дека поранешниот полицаец Дерик Шовин е виновен за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, американскиот министер за правда Мерик Герланд денес започна обемна истрага за начинот на постапување на полицијата во Минеаполис.

Истрагата треба да покаже дали полициската администрација во Минеаполис го користи образецот на прекумерна употреба на сила за време на извршувањето на своите задачи, вклучително и интервенции за време на протестот, потврди Герланд на прес-конференцијата, пренесува „Ројтерс“.

Герланд претходно објави дека неговиот приоритет е да се искорени полициската злоупотреба и недолично однесување.

Во таа смисла, Министерството за правда ги повлече прописите што беа воведени за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, со кои се ограничуваа инструментите со кои располагаше федералната влада за надзор и контрола на злоупотребите во полицијата.

Во порака до вработените во Министерството за правда, Герланд најави дека традиционалните процедури за надзор над работата на државните и локалните полициски администрации ќе бидат повторно активирани.

Слични содржини