САД му честитаат на Харадинај за одлуката да се јави на суд

од Vlatko K
135 прегледи

Стејт департментот ја поздрави денеска одлуката на Рамуш Харадинај да соработува со Специјалното обвинителство за злосторствата на ОВК во Хаг.

– САД му честитаат што тој одлучи да одговори на поканата на Специјалниот суд за Косово, се наведува во краткото соопштение на Стејт департментот.

Харадинај вчера поднесе неотповиклива оставка од премиерската функција, а како причина ја наведе добиената покана од Специјалниот суд како осомничен.