САД на чекор од испраќање оружје во Украина за кое Кремљ претходно се закани со ескалација

од Nikola Popovski
172 прегледи

САД ги финализираат плановите за испраќање на противракетниот систем „Патриот“ во Украина и би можеле да донесат конечна одлука до крајот на неделата, објавија американските власти во вторникот.

Украина побара помош од западните партнери во воздушната одбрана, вклучително и американскиот систем Патриот за заштита од тешко руско бомбардирање главно енергетска инфраструктура.

Ракетниот систем „Патриот“ на американскиот производител „Raytheon Technology Corp“ се користи за пресретнување на проектили.

Двајцата функционери, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавиле дека одлуката би можела да биде донесена уште во четврток, во очекување на официјалното одобрување од министерот за одбрана Лојд Остин и претседателот Џо Бајден.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев го предупреди НАТО да не испраќа „Патриот“ во Украина и дека Москва веројатно ќе го сфати ова како ескалација.

Слични содржини