САД: Најмалку 55 лица загинаа поради екстремниот студ

од Vladimir Zorba

Најмалку 55 лица загинаа поради снежната бура и екстремниот студ низ САД.

Метеоролозите прогнозираат дека температурата од минус 34 Целзиусови степени би можела да се задржи до недела наутро во неколку американски држави, пренесе АП.

Обилни снежни врнежи ги погодија Њујорк, Балтимор и Вашингтон во петокот, а температурите се очекува да се спуштат до минус 26 степени Целзиусови во големи делови од американските сојузни држави Арканзас, Мисисипи, Мисури, Тенеси, Кентаки и Канзас, се вели во прогнозата на Националната Метеоролошка служба.

Слични содржини