САД не го признаваат Лукашенко за претседател

од Nikola Popovski

САД не сметаат дека Александар Лукашенко е легитимно избран претседател на Белорусија, изјавил претставник на Стејт департментот за РИА Новости.

„Изборите одржани на 9 август не беа ниту слободни ниту фер. Објавените резултати беа измислени и не го одразуваа легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на земјата“, изјавил портпаролот на Стејт департментот, коментирајќи ја денешната инаугурација на Лукашенко.

Лукашенко ја презел функцијата денес како претседател на Белорусија. Церемонијата на инаугурацијата се одржала во Палатата на независноста, објавија белоруските медиуми. Во согласност со Уставот на Република Белорусија, Претседателот стапува на должност откако ја положи заклетвата.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август, по што започнаа масовни протести на опозицијата. Според Централната изборна комисија, Александар Лукашенко победи на изборите со 80,1 процент од гласовите.

Слични содржини