САД не размислуваат за санкции кон Бугарија, соопшти Стејт департментот

од Nikola Popovski
167 прегледи

САД силно го поддржуваат пристапувањето на Албанија и Северна Македонија во Европската Унија. Сметаме дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот“, изјавил денес портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Покрај тоа, администрацијата на претседателот Бајден не размислува за санкции против бугарската влада.

-Ние сме убедени дека владите на Северна Македонија и Бугарија започнаа конструктивен дијалог што ќе помогне да се решат нивните разлики навремено. Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот, се вели во соопштението објавено од Амбасадата на САД во Бугарија како одговор на прашањата на новинарите.

Слични содржини