98
Стејт департментот на САД ги отфрли денеска тврдењата дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп го олабавила својот став во однос на Северна Кореја, во моменти кога државниот секретар Мајк Помпео отпатува за Пјонгјанг, каде ќе разговара за денуклеаризацијата.
Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт изјави дека американската политика не е сменета.
– САД остануваат цврсто на позицијата за денуклеаризација на Северна Кореја, рече таа.
Помпео утре треба да пристигне во Пјонгјанг. Иако се појавија во медиумите тврдења дека Северна Кореја продолжува со нуклеарната програма, Трамп неделава напиша на Твитер дека преговорите со Северна Кореја „одат добро”.