Преговорите за името сега ги спроведуваат министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас.

Американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајти, рече дека САД се многу заинтересирани за успехот на преговорите за дипломатски преговори што моментно се случуваат меѓу Република Македонија и Грција. Амбасадорот говореше за време на дискусијата во рамките на економскиот форум во грчкиот град Делфи.
Според него, најдобриот начин да се помогне е да не се шпекулира премногу за процесот и за изгледите. Ќе го кажам следново: за САД, многу е јасно дека во двете држави, грчката и македонската влада сметаат дека преговорите се можност за решавање на ова прашање и тоа да го остават во минатото, рече американскиот дипломат. Џефри Пајт изјави дека САД се загрижени од реалното руско влијание во Западен Балкан, а руското влијание е дополнителен поттик за Вашингтон да работи и да инвестира за да можат земјите од регионот да останат на патот за европската и евроатлантската интеграција.