Претседателот на САД, Доналд Трамп, нареди распоредување воена флота до брегот на Венецуела — 7 бродови, меѓу кои 3 уништувачи, нуклеарна подморница и 2.200 маринци, јави Ројтерс. Некои дипломати предупредуваат дека сценариото личи на Панама 1989 година, кога САД го урнаа диктаторот Мануел Нориега во масовна воена операција.
Аналитичарите се согласуваат дека сценариото најверојатно не вклучува директен напад, туку засилен психолошки и економски притисок врз владата на претседателот Николас Мадуро.
Новата стратегија на САД ја води државниот секретар Марко Рубио, влијателен кубанско-американски сенатор. Тој верува дека режимот на Мадуро опстојува поради кубанска разузнавачка поддршка, додека Каракас ѝ плаќа на Хавана со евтина нафта.
Според администрацијата на Трамп, операцијата има цел да ја блокира трговијата со дрога. Но, набљудувачите се сомневаат дека вистинската цел е режимот на Мадуро.