САД: Обвинителството не сака да ги објави деталите од налогот за претрес на домот на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Американското министерство за правда соопшти дека објавувањето на детали од налогот, кој беше искористен за претрес на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп минатата недела, може да предизвика „ненадоместлива штета“ на неговата истрага, пренесува Би-Би-Си.

Министерството сака изјавата под заклетва, судскиот документ кој ги содржи доказите потребни за добивање на налогот, да ја задржи во тајност.

Обвинителите рекоа дека таквиот потег „ќе предизвика значителна и непоправлива штета на оваа тековна кривична истрага“.

Слични содржини