283
На Сандра Хам, која беше осудена за убиство во САД, и беше поништена пресудата откако помина 43 години во затвор, откако судијата на Окружниот суд во Мисури, Рајан Хорсман, пресуди дека има „јасни и убедливи“ докази дека таа е невина.
Хем (63) во 1980 година е осудена на доживотен затвор за убиството на библиотекарката Патриша Јешка, откако таа дала инкриминирачки изјави во полиција додека била психијатриска пациентка, пренесe Гардијан.
Во петокот, судијата Хорсман пресуди дека убиството на библиотекарката е вина на сега починат полицаец, кој подоцна завршил во затвор за друго кривично дело и дека Хем мора да биде ослободенa во рок од 30 дена.