САД: Подигнато обвинение против Хафтар заради воени злосторства

од Aleksandar Petrovski

Адвокат од САД, Кевин Керол изјави дека е покренато обвинение против лидерот на силите од истокот на Либија, Калифа Хафтар заради воени злосторства.

„Хафтар ќе биде казнет за извршување на злосторства“, изјави Керол, претставник на адвокатската канцеларија со седиште во Вашингтон и додаде дека обвинението е покренато во име на семејствата кои преживеале страшна тортура во Либија.

Напоменувајќи дека Хафтар има државјанство на САД и дека поседува голем имот на тој простор, Керол наведе дека хафтар и неговите блиски соработници ќе се пресметаат со американското правосудство.

„Еден од клиентите е државјанин на САД со либиски корени кој во текот на кризата во Либија се обидел да го сочува својот дом. Во бомбардирањето за време на граѓанската војна тешко е ранет, но и во таква состојба силите на Хафтар го уапсиле и со денови го мачеле“, рече Керол.

Тој напомена дека Хафтар не е државен поглавар и дека нема имунитет и додаде дека би требало да дојде на судење во Вирџинија да се соочи со злосторствата кои му се припишуваат.

Слични содржини