САД потрошиле 17,7 милијарди долари за воено разузнавање

од Vladimir Zorba
87 прегледи

САД потрошиле за воено разузнавање 17,7 милијарди долари во 2016 година, се наведува во соопштението објавено на сајтот на Министерството за одбрана.

5136974Во информациите се наведува дека откривањето на оваа бројка на никаков начин нема да влијае на работата на военото разузнавање. Во исто време се забележува дека никакви други податоци за буџетот на военото разузнавање или детали кои влијаат на програмите кои ги извршува,и нема да бидат откриени и тие ќе останат тајни во интерес на националната безбедност. Целта на военото разузнавање е да добие разузнавачки информации, која ќе се користи од американските вооружени сили за планирањето и спроведувањето на тактички воени операции. / РИА “Новости”

tsia