САД потврдија дека најмалку 22 Американци биле убиени во нападите на Хамас

од Nikola Popovski
232 прегледи

Соединетите Американски Држави утврдија дека најмалку 22 американски државјани се убиени во нападите на Хамас врз Израел, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.

Американската влада преговара со земји-партнери, вклучувајќи ги Израел и Египет, за да обезбеди безбедно минување на Американците и другите цивили од појасот Газа, пренесува Ројтерс.

Цитирајќи неименуван висок американски функционер, Си-Ен-Ен претходно објави дека Египет сака да отвори хуманитарен коридор за испраќање храна и медицински материјали во Газа, но не сака да ја отвори својата граница за да прифати цивили кои бегаат.

„Сметаме дека е важно на американските граѓани кои се во Газа да им биде дозволено да ја напуштат, а тоа е прашање на кое работиме“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.

Американската медиумска куќа наведува дека американските цивили во Газа рекле дека не чувствуваат дека американската влада е во состојба да им помогне, поради што расте притисокот за воспоставување хуманитарен коридор, пренесува Танјуг.