Во извештајот на американската разузнавачка служба се наведува дека неколку истражувачи од кинескиот институт за вирусологија во Вухан се разболеле во ноември 2019 година и дека овие луѓе биле хоспитализирани, а новите детали за интензитетот на симптомите што ги покажале може да започнат нова дискусија за потеклото на пандемијата на коронавирус, наведуваат два извори запознаени со документот.
Во извештајот на Стејт департментот составен за време на администрацијата на Доналд Трамп и објавен во јануари се вели дека кинеските истражувачи се разболеле есента 2019 година, но не се тврди дека биле хоспитализирани, пренесува Си-Ен-Ен.
Во извештајот доставен од официјален Пекинг до Светската здравствена организација (СЗО), кинеската влада тврди дека првиот пациент со симптоми на Ковид-19 бил откриен на 8 декември 2019 година во Вухан.
Сепак, американската разузнавачка служба нема веродостојни податоци, зошто кинеските истражувачи биле хоспитализирани.
„На крајот, ништо не може дефинитивно да се заклучи“, рекле американските разузнавачки извори.