САД праќа маринци, Москва лута

од desk2
96 прегледи

 

САД двојно ќе го зголеми бројот на маринци во Норвешка, во согласност со плановите кои ги претстевија во јуни, соопшти норвешкото Министерство за одбрана.

Планот за зголемување на бројот на американските маринци во Норвешка од 330 на 700 и за преместување на еден дел поблиску до границата со Русија, наиде на остра реакција во Москва, која планот го нарече „очигледно непријателски“, јави Ројтерс.

Владата во осло, која постојано е загрижена за руските воени активности од припојувањето на Крим 2014 година, инсистира на тоа дека јакнењето на американското присуство е со цел обука и дека не треба да биде протолкувано како воена ескалација.

Маринците треба да ја напуштат Норвешка до крајот на оваа година, откако стигнаа во јануари 2017 година, за да се обучуваат за борба во зимски услови.

Тоа се први странски трупи стационирани во Норвешка, членка на НАТО, од Втората светска војна.

Иницијалната одлука да се примат маринци ја налути Русија и Москва рече дека тоа ќе ги влоши билатералните односи и ќе ја зајакнат напнатоста.