172
Комитетот на Претставничкиот дом кој го истражуваше упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година, едногласно му препорача на министерството за правда да биде подигнато обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Комисијата наведе четири кривични дела за кои смета дека се основа за подигање на обвинение, а тоа се попречување на службената постапка, заговор против САД, давање лажни изјави и поттикнување и поддршка на бунт, објави „Гласот на Америка“.
Комисијата, која вклучува седум демократи и двајца републиканци, исто така препорача министерството за правда да покрене постапка против Џон Истман, еден од правните советници на Трамп.