Администрацијата на Џо Бајден ја разгледува можнста да го искористат озлогласениот воен објект Гвантанамо на Куба за процесуирање на мигрантите кои бегаат од насилството на Хаити, објави Си-ен-ен, цитирајќи неименуван американски функционер.
Вашингтон се подготвува за масивен мигрантски бран од островската држава која е на нешто повеќе од 300 км од американската поморска база во заливот Гвантанамо, и која во последните месеци забележува зголемено насилство.
Нејзиниот главен град, Порт-о-Пренс, е под контрола на вооружените криминални банди, што доведе до оставка на премиерот на Хаити, Ариел Анри во вторникот.
Базата Гвантанамо е дом на американски воен затвор за осомничени за тероризам, кој беше отворен од администрацијата на Буш по нападите од 11 септември 2001 година. Низ годините имаше бројни извештаи и сведоштва за злоупотреба на затвореници, а „Амнести интернешнал“ го опиша кампот како „симбол на тортурата, незаконското притворање и бесконечен притвор без обвинение или судење“.
Во поморската база има и Оперативен центар за мигранти во кој се сместени мигрантите кои ги собрала крајбрежната стража на Карибите. Овој објект не е дел од затворот, а сега САД размислуваат за зголемување на неговиот капацитет за да ги собере оќекуваните мигранти од Хаити.
Според Си-ен-ен, Одделот за домашна безбедност (ДХН) ја следи ситуацијата на островот.
„Неправилните миграциски текови“ низ Карибите во моментов остануваат ниски. САД ги одвраќаат или депортираат мигрантите пресретнати на море на Бахамите, Куба, Доминиканската Република и Хаити,“ изјави портпаролот на ДНС
САД забележаа пораст на стапките на имиграција, главно од својата јужна граница. Во декември, повеќе од 225.000 мигранти се обиделе да ја преминат границата од Мексико, што е највисок месечен вкупен број регистриран од 2000 година, забележа Си-ен-ен.