306
„САД остануваат апсолутно посветени на завршување на процесот на европска интеграција на Западен Балкан“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
„Неоправданата војна на Русија против Украина јасно укажува на зголемената итност на таа задача за трансатлантскиот сојуз“, изјави американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка во понеделникот.
На прашање за можното прелевање на кризата на Балканот, неименуван портпарол на Стејт департментот рече дека „Русија е дестабилизирачки фактор на Западен Балкан“.