245
Американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк изјави денеска дека новиот руски напад врз украинската пристанишна инфраструктура само ја зајакнува решеноста на САД да го поддржат украинскиот земјоделски извоз.
„Во уште еден грозоморен напад, Русија повторно преку ноќ ја напаѓа пристанишната инфраструктура на Украина и снабдувањето со храна во светот. Овие дрски и незаконски напади врз цивилната инфраструктура само ја зајакнуваат нашата решеност да ја поддржиме Украина и оние ширум светот кои зависат од украинскиот земјоделски извоз“, напиша амбасадорката на платформата X (Твитер).
Како резултат на нападот со руско беспилотно летало врз областа Одеса, уништени се магацините и амбарите на едно од пристаништата на Дунав.