
САД сметаат дека е стратешки важнo пристаништето Александрополис во северна Грција и имаат намера да учествуваат во неговата приватизација, пренесе американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајет за време на посетата на оваа област.
Грчкиот министер за одбрана рече дека проектот вреден 2,3 милијарди американски долари, ќе го зголеми капацитетот на пристаништето, бидејќи поголемите бродови сега ќе можат да влезат во него и транспортната инфраструктура го прави стратешки центар за брза испорака, луѓе и носивост.