САД, најголемиот сдонатор на Светската здравствена организација (СЗО), се противат на предлозите организацијата да се направи понезависна.
Предлог претходно поднесен од работната група на СЗО за одржливо финансирање, земјите-членки се повикани постепено да ги зголемуваат задолжителните донации до 2024 година, така што нивните пари ќе сочинуваат половина од буџетот на организацијата, наспроти сегашните 20 проценти.
Планот е дел од поширокиот реформски процес поттикнат од пандемијата Ковид-19, која укажа на ограничувањата во способноста на СЗО да реагира на кризи порано.
Поддржувачите на реформата велат дека сегашното потпирање на доброволно финансирање од земјите-членки и добротворни организации, како што е Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, ја принудува СЗО да се фокусира на приоритетите поставени од финансиерите и да ги ограничува критиките од членовите.
Сепак, САД се противат на реформата, изразувајќи загриженост за способноста на СЗО да се соочи со идните закани, вклучително и заканите од Кина, изјавија за Ројтерс официјални лица вклучени во преговорите.
САД се залагаат за создавање на посебен фонд, кој директно би бил контролиран од донаторите, а кој би финансирал превенција и контрола на вонредните здравствени состојби.