САД се во паника! Од НАСА тренираат за удар на астероид во Земјата

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ако вселенската карпа удри, од Лос Анџелес, нема да остане камен на камен во радиус од 50 километри

1472705350-shutterstock-297359225

Американската вселенска агенција и уште еден куп одделенија за безбедност во САД направија тренинг за акција при евентуален удар на астероид. Во хипотетичка ситуација научниците се проверуваат какви штети би нанел вселенски објект со дијаметар од 100 метри над градот Лос Анџелес.

Во симулацијата се покажало дека астероидот би  ги уништил сите згради во радиус од 50 километри од местото на ударот. А по отворањето на вселенската карпа, властите би имале речиси 2 години, за да одлучат како да се справат со неизбежната опасност.

Според податоците на вселенската агенција од неколку телескоп во светот астероидите кои во даден момент можат да се опасни за животот на земјата се 650. Веројатноста тоа реално да се случи засега е минимална, покажуваат прогнозите.